Бакир Изетбеговиќ: Спремни сме за војна

„Ќе го правам она што ќе го прават сите патриоти на оваа земја. Ќе го бранам она на што стекнавме право со борбата од 1992 до 1995, па и со самиот Дејтонски мировен договор“, кажа во интервју за Дојче веле Бакир Изетбеговиќ на прашањето што ќе направи ако Република Српска распише референдум за отцепување.

„Дејтонскиот мировен договор е на наша страна, историјата е на наша страна, уставот е на наша страна, интересот на земјите на Балканот, вклучувајќи ја и Србија е на наша страна, интересот на земјите на Европа, да нема повторно војна, е на наша страна. Значи, ќе го имаме сето тоа на наша страна за една таква авантура да не се случи“, кажа бошњачкиот член на Претседателството на БиХ.

„Мислам дека масата во случај на такво сценарио ќе биде нормално на страната на одбраната на територијалниот интегритет на БиХ. И дека ако произведат второ полувреме тоа полувреме ќе го изгубат. Се надевам политички, а не воено, оние што ќе се впуштат во таква авантура“, додаде Изетбеговиќ.

На прашањето дали е спремен на најлошото можно сценарио, Изетбеговиќ кажа: „Значи на војна? Спремен сум“.

Тој додаде дека секој „кој ја сака оваа земја мора да биде спремен да оди до крај кога станува збор за нејзиниот територијален интегритет“.

Изетбеговиќ оцени и дека Турција во БиХ и на Балканот игра сосема позитивна улога. „Турција го поддржува европскиот пат на БиХ, го поддржуваат НАТО патот на БиХ, никогаш не се мешаат на некој ригиден начин во нашите односи, напротив секогаш помагаат“, заклучи Изетбеговиќ.

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе

Литературните дејци отсекогаш биле предвесници на некое ново време. Немале натприродна моќ да ја предвидат иднината.

повеќе

Политичките раководства во Република Македонија мора да сфатат дека немаат комодитет да ги занемаруваат економските политики на сметка на политичките агенди.

повеќе