Бајонтек лани имаше милионски загуби, сега има над милијарда евра профит

Германскиот произведувач на вакцини противковид-19 Бајонтек извести дека оваа година со американски Фајзер мора да испорача 1,8 милијарди дози од вакцината против ковид-19, што би требало да му донесе приход од 12,4 милијарди евра.

EPA-EFE

Компанијата извести дека првото тримесечје го завршила со приход нешто поголем од две милијарди евра, главно благодарение на нарачките на вакцината, произведена во соработка со Фајзер.

Во првите три месеци од минатата година приходот изнесувал 27,7 милиони евра.

Нето добивката достигнала во првите три годинешни месеци 1,13 милијарди евра додека истиот минатогодишен период бил заклучен со нето загуба од 53,4 милиони евра.

Трошоците за истражување и развој се зголемени за повеќе од трипати, на 216,2 милиони евра.

„Бајонтек продолжи да ја испорачува нашата вакцина против ковид-19 низ светот, во повеќе од 90 земји и територии. Со континуираните иновации го прошируваме пристапот до нови популациски групи и географски области и ја решаваме појавата на новите соеви“, кажа директорот Угур Сахин.

До 6 мај Бајонтек и Фајзер испорачале околу 450 милиони дози во 91 земја и територија, а до денес потпишале договори за испорака на речиси 1,8 милијарди дози за оваа година, за 400 милиони повеќе отколку што најавија во март.

Сега очекуваат оваа година со продажбата на вакцините да остварат приход од 12,4 милијарди евра, за 2,6 милијарди евра повеќе од што предвидуваа.

Повторија дека излезниот капацитет на вакцината до крајот на годината ќе достигне три милијарди дози и ќе ја надмине таа бројка во 2022 година.

Фајзер минатата недела соопшти дека заедно сакаат идната година да произведат дури четири милијарди дози, главно за земјите со ниски и средни примања.

Бајонтек вчера најави дека планира да изгради нова фабрика во Сингапур која од 2023 би требало да произведува неколку стотици милиони дози мРНА вакцини годишно.

Кинескиот партнер Фосун фарма извести во неделата дека во рамки на заедничкиот проект ќе обезбедат фабрика со годишен капацитет до милијарда дози вакцини против ковид-19.

Најавата се надоврза на договорот со Европската Унија за испорака до 1,8 милијарди дози од вакцината во периодот од 2021 до 2023, вклучувајќи довакцинирање, донации и препродажба на дози, пишува Ројтерс.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе

За првпат во историјата на албанската демократија, една иста партија ќе биде на чело на земјата три последователни мандати. 

повеќе