Поднесоа барање до Европската агенција за лекови

Бајонтек и Фајзер бараат од Европа да ја одобри нивната вакцина против коронавирусот

Германската фармацевтска компанија Бајонтек и американскиот партнер Фајзер поднесоа барање до Европската агенција за лекови за условно одобрување на вакцината против коронавирусот, соопштија денес двете компании.

EPA-EFE

Компаниите наведуваат дека со поднесувањето на барањето се завршува процесот на надгледување, кој почна на 6 октомври.

Барањето е предадено еден ден откако ривалската Модерна побара од американските и европските агенции итно да ја одобрат употребата на нејзината вакцина против коронавирусот.

Ако вакцината, која во моментов е наречена БНТ162б2, биде одобрена, таа, како што наведува Бајонтек, може да почне да се користи во Европа пред крајот на 2020 година.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе