Бајденовата администрација го поддржува укинувањето на патентите за вакцините против корона

Соединетите Американски Држави го поддржуваат укинувањето на заштитата на интелектуалната сопственост за вакцината против коронавирусот, со цел да се забрза производството и дистрибуцијата на овие скапоцени серуми во светот, објави во средата администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден.

Фото: ЕПА

„Ова е глобална здравствена криза, а вонредните околности на пандемијата на ковид бараат вонредни мерки“, изјави претставничката на американската трговија Кетрин Тај.

„Администрацијата силно верува во заштитата на интелектуалната сопственост, но со цел да ѝ се стави крај на оваа пандемија, таа го поддржува укинувањето на овој вид заштита за вакцините против коронавирусот“, рече таа.

Таа додаде дека Вашингтон „активно“ учествувал во преговорите во Светската трговска организација со цел да се овозможи укинување на овие патенти.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе