Бајден за време на посетата на Европа сака да се сретне со Путин (ВИДЕО)

Американскиот претседател Џо Бајден кажа дека би сакал да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за време на својата посета на Европа во јуни.

EPA-EFE

„На тоа се надевам и го очекувам. Работиме на тоа“, им кажа Бајден на новинарите.

Бајден планира да учествува на самитот на Г7 во Корнвол во Англија кој е најавен за 11 до 13 јуни, а потоа да одлета во Брисел за да се сретне со лидерите на Европската Унија и на самитот на НАТО на 14 јуни.

Американските функционери работат со руските колеги на самит Бајден-Путин во некоја трета земја за време на првото патување на Бајден во странство како претседател. Прашање е дали средбата ќе биде договорена.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе