Бајден за Трамп: Поради неговите погрешни потези сега патат многу Американци

Еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп и поранешниот потпретседател Џо Бајден имаа „пријателски телефонски разговор“ за коронавирусот, најизгледниот демократски претседателски кандидат го нападна начинот на кој Трамп реагираше на пандемијата.

„Доналд Трамп не е виновен за коронавирусот. Но одговорен е за нашиот одговор и своите должности мора да ги сфаќа сериозно“, се нафрли на него Бајден. „Поради неговите погрешни потези и одложивања сега патат многу Американци“.

Претседателот би требало да ги искористи овластувањата кои му ги дава сојузниот закон за да обезбеди производство на опрема за здравствените работници, да им понуди здравствено осигурубање на оние кои останале без него и да ги координира напорите на сојузните држави во обезбедувањето снабдување, прецизираше Бајден.

САД би требало да го координираат глобалниот одговор на оваа невидена јавноздравствена криза, како и долгорочните економски последици, додаде.

„Трамп сака да кажува дека е воен претседател. Тогаш нека почне да се однесува така“, истакна Бајден.

Ден претходно Бајден и Трамп разговарале за вирусот ковид-19, болеста од која умреа 12.000 Американци.

Тие се договорија дека нема да објавуваат детали од разговорот, но двете страни го оценија како пријателски.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе