Бајден за шефица на Американската агенција за меѓународен развој номинираше добитничка на Пулицер

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден ја номинираше поранешната американска амбасадорка во ООН Саманта Пауер за должноста лидер на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД).

EPA/JUSTIN LANE

Во изјавата на транзицискиот тим на Бајден, Пауер е опишана како „јавна службеничка со искуство во кризи и дипломатка“.

За амбасадорката Пауер, исто така, се вели дека била на должности на кои работела на решавање долготрајни глобални конфликти, хуманитарни катастрофи, во одбрана на човечкото достоинство и зајакнување на владеењето на правото и демократијата.

„Како лидер на УСАИД, таа ќе соработува со наши партнери во спротивставување на пандемијата ковид-19, ќе им помога на ранливите заедници, ќе се бори за вредноста на секое човечко суштество и ќе се залага за американските идеали и интереси ширум светот“.

Пауер беше клучна членка на администрацијата на претседателот Барак Обама и вршеше должност во Советот за Национална безбедност од 2008 до 2013 година и беше амбасадорка на ООН од 2013 до 2017 година.

Таа својата кариера ја започнала како новинарка за време на војните во поранешна Југославија во 1990-тите, а подоцна се залагала САД да играат поактивна улога во спречувањето злосторства во странски земји.

Во 2003 година таа доби Пулицерова награда за нејзината книга „Проблем од пеколот: Америка и времето на геноцидот“, во која ја напаѓа американската политика за време на војните во поранешна Југославија и Руанда.

Легенда под Главна слика

EPA/JUSTIN LANE

Ве молам потрошете малку време и погледајте кои закони не може да се донесат, ако за нив не даде амин Али Ахмети.

повеќе

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе