Бајден за преговорите со Иран задолжи поранешен помошник на Обама

Американскиот претседател Џо Бајден за специјален претставник за Иран го именуваше Роберт Малеј, ветеран дипломат кој во 2015 година со блискоисточната држава преговараше за нуклеарниот договор.

EPA-EFE

Малеј беше клучен член на тимот на поранешниот претседател на САД Барак Обама кој во 2015 година преговараше за нуклеарниот договор меѓу Техеран и светските сили, договорот кој Доналд Трамп го напушти во 2018 и покрај силното противење на европските сојузници на Вашингтон.

„Државниот секретар Ентони Блинкен гради посветен тим составен од умни експерти со различни погледи. Како специјален претставник нашиот тим ќе го води Роб Малеј, кој на таа позиција доаѓа со историја на успешните преговори за ограничување на иранската нуклеарна програма“, објави Стејт департментот.

„Секретарот е уверен дека тој и неговиот тим повторно ќе успеат“, додаде функционерот на американската дипломатија кој побарал да остане анонимен,, мислејќи на Бајденовиот шеф на дипломатијата Ентони Блинкен.

Кога името на Малеј првпат почна да се спомнува како водечки кандидат за таа функција, дел од републиканските пратеници и произраелските групи изразија загриженост дека тој ќе биде премек кон Иран и строг кон Израел, јавува Ројтерс.

Во негова одбрана застанаа низа ветерани од надворешната политика, фалејќи го како почитуван и објективен дипломат.

Малеј со именувањето стана клучна личност на обидот на Бајден за подобрување на односите со Иран кои се влошија под Трамп.

Републиканскиот претседател по повлекувањето од нуклеарниот договор ги врати економските санкции против Техеран кој потоа почна да крши одредби од договорот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе