Бајден за одлуката на Врховниот суд: Тажен ден за нашата земја

Американскиот претседател Џо Бајден се осврна на одлуката на Врховниот суд за забрана на абортусот.

Фото: ЕПА

Тој на почетокот рече дека оваа одлука им го одзема правото на жените сами да одлучуваат за своето здравје и живот.

„Ова е тажен ден за судот и за нашата земја“, рече Бајден. Тој рече дека одлуката на Врховниот суд е „реализација на екстремната идеологија“.

„Тројца судии назначени од Трамп беа во центарот на денешната одлука која ја промени рамнотежата на правдата и ги отстрани основните права на жените во оваа земја. Оваа одлука е кулминација на екстремна идеологија“, рече Бајден.

Тој повикува протестите да бидат мирни и луѓето да се воздржат од насилство. Бајден рече дека одлуката на Врховниот суд да ја поништи пресудата на Роу против Вејд го загрозува здравјето и животот на жените.

„Денес, Врховниот суд на Соединетите Американски Држави експлицитно му го одзеде уставното право на американскиот народ. Тие не го ограничија. Едноставно го одзедоа. Здравјето и животите на жените во оваа нација сега се загрозени“, рече Бајден. Тој рече дека одлуката на Врховниот суд на САД датира 150 години наназад. „Судот ги постави државните закони што го криминализираат абортусот од 1800-та и буквално ја врати Америка 150 години назад“.

Бајден очекува гласачите на ноемвриските избори да гласаат за кандидатите кои ќе се борат да го вратат правото на абортус.

 

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе