Бајден за одлуката на американскиот Врховен суд: Ќе го бранам основното право на абортус

Американскиот претседател Џо Бајден изјави денес дека не знае дали нацрт одлуката на американскиот Врховен суд, која излезе во јавност и со која се укинува правото на абортус, е точна и конечна, но истакна дека неговата влада, кога одлуката на судот ќе се појави, е спремна да го заштити правото на абортус.

EPA-EFE

„Верувам дека правото на жената на избор е фундаментално“, порача Бајден во соопштение.

Додаде дека, ако се поништи пресудата од 1973 во случајот Роу против Вејд со кој абортусот е легализиран, избраните функционери ќе мора да го заштитат правото на жените на избор, а гласачите на изборите во ноември да ги изберат кандидатите кои се залагаат за тоа право.

Ројтерс не можел да ја потврди автентичноста на нацртот кој синоќа го објави Политико, а американскиот Врховен суд одби да ја коментира веста.

По веста дека Врховниот суд би можел да ја поништи пресудата Роу против Вејд, противниците на правото на абортус и заговорниците на тоа право излегоа на улиците на Вашингтон.

Абортусот е едно од прашањата кои предизвикуваат најголеми поделби во американската политика веќе половина век.

Врховниот суд на САД во 1973 година го легализираше абортусот врз основа на тужбата на Норма Мекровеј од Тексас (во актот бил користен псевдонимот Џејн Роу), која во 1969 останала трудна со трето дете и сакала абортира. Таа поднела тужба против месниот јавен обвинител Хенри Вејд тврдејќи дека забраната на абортусот во Тексас е противуставна.

Анкета на истражувачкиот центар Пју покажала дека 59 отсто од возрасните Американци сметаат дека абортусот би требало да биде легален во сите или повеќето случаи, додека 39 отсто сметаат дека би требало да биде незаконски во повеќето или сите случаи.

„(Пресудата) Роу е темелно погрешна од самиот почеток“, напишал конзервативниот судија Семјуел Алито во нацрт мислењето од 10 февруари, според Политико, кој објави копија на интернет.

„Абортусот е длабоко морално прашање. Уставот не им забранува на граѓаните на одделни сојузни држави да го регулираат или забрануваат абортусот“, напишал Алито, според протечениот документ.

Пресудата би била најопсежната судска одлука откако поранешниот претседател на САД Доналд Трамп успеа да именува тројца конзервативни судии во Врховниот суд, зацврстувајќи го конзервативното мнозинство од 6-3.

Одлуката на Уставниот суд на САД е конечна само кога ќе ја објави судот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе