Бајден воочи средбата со Путин: САД ќе стојат покрај европските сојузници

Соединетите Американски Држави ќе стојат покрај своите европски сојузници против Русија, вети американскиот претседател Џо Бајден воочи неговата прва средба во живо со рускиот претседател Владимир Путин, но исто така рече дека не бара конфликт и дека сака стабилен однос и соработка со Москва.

Фото: ЕПА

Бајден патува за Европа во среда и треба да присуствува на самитите на Г7 и НАТО и да се состане со рускиот лидер во Женева на 16 јуни.

Самитот ќе се одржи во време на најголема криза во односите меѓу САД и Русија во последните години, со тензии околу низа прашања, од обвиненија за хакирање до обвинувања за мешање во изборите.

Во статија за Вашингтон пост објавена во саботата, американскиот претседател вети дека ќе ги зајакне „демократските сојузи“ на Вашингтон, соочени со повеќе кризи и растечки закани од Москва и Пекинг.

„Стоиме обединети во одговорот на предизвиците што Русија ги претставува за европската безбедност, почнувајќи од нејзината агресија врз Украина и нема да има сомнеж во одлучноста на САД да ги бранат нашите демократски вредности што не можеме да ги одделиме од нашите интереси“, рече тој.

„Претседателот Путин знае дека нема да се двоумам да одговорам на идните штетни активности“, рече Бајден. „Кога ќе се сретнеме, ќе ја повторам заложбата на Соединетите Држави, Европа и демократиите на истомисленици да се залагаме за човековите права и достоинство“.

Откако ја презеде функцијата во јануари, Бајден го засили притисокот врз Кремљ, и нарекувајќи го Путин „убиец“ наиде на остри критики во Москва.

Но, и двајцата лидери изразија надеж за подобрување на односите, а рускиот претседател во петокот рече дека очекува „позитивен“ резултат од разговорите.

Бајден во статијата истакна дека Вашингтон „не бара конфликт“, повикувајќи се на неодамнешното продолжување на договорот Нов СТАРТ за намалување на оружјето како доказ за неговата желба да ги намали тензиите.

„Сакаме стабилен и предвидлив однос во кој можеме да соработуваме со Русија за прашања како што се стратешката стабилност и контролата на оружјето“, напиша американскиот претседател.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе