Бајден во првата недела попопуларен претседател од Трамп

Една недела по влегувањето во Белата куќа, Џо Бајден ужива популарност од 54 проценти од испитаниците, ниво што неговиот претходник Доналд Трамп не го постигна во целиот свој четиригодишен мандат, според анкетата објавена во средата.

Фото: ЕПА

Според анкетата на Универзитетот Монмаут, Бајден е поддржан од 54 проценти од испитаниците, 30 проценти се против, а 16 проценти се неодлучни.

Анкетата е спроведена од 21 до 24 јануари на 809 лица.

Според анкетата на Галуп, републиканскиот претседател уживал поддршка од само 34 проценти од испитаниците на крајот од неговиот мандат, што е најмал број во историјата, откако го почна својот мандат со поддршка од 45 проценти од испитаниците, што во почетокот на 2020 година се искачи на 49 проценти.

Другите анкети покажуваат дека Џо Бајден ужива уште поголема поддршка во првите денови од својот мандат: 56 проценти според Морнинг консалт и 63 проценти според анкетата спроведена од Хил-Харис икс.

Како што истакнува Монмут, приврзаниците и противниците на Бајден се екстремно поделени во политичкото размислување, па затоа Бајден ужива поддршка од 90 проценти од испитаниците што се демократски гласачи, кај републиканците тој број е само 15 проценти, додека кај независните гласачи ужива поддршка од 47 проценти.

„Општо земено, испитаниците од анкетите се чини дека му се понаклонети на Бајден отколку на Трамп, но всушност ги следат партиските линии затоа што сѐ повеќе луѓе се декларираат како демократи или републиканци“, рече Патрик Мареј, директор на Институтот за јавно мислење на универзитетот Монмут.

На веб-страницата Fivethirtyeight.com се наведува дека Доналд Трамп бил првиот претседател што не уживал во „меден месец“ во почетокот на неговиот мандат.

Во првите шест месеци од неговиот мандат, неговата просечна популарност беше 41,4 проценти, далеку зад Барак Обама (60 проценти) или Џорџ В. Буш (53,9 проценти) во истиот шестмесечен период.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе