Бајден во писмо до претседателката на Косово: САД го поддржуваат продолжувањето на дијалогот со Србија

Претседателот на Соединетите Американски Дрѓжави Џо Бајден ѝ го честиташе на Вјоса Османи изборот за претседателка на Косово со порака дека двете земји негуваат долго партнерство засновано на истите вредности.

EPA-EFE

Вјоса Османи за претседателка на Косово беше избрана на 4 април.

Во писмото на Бајден се наведува дека САД го поддржуваат дијалогот со Србија.

„Соединетите Држави ќе продолжат да ги поддржуваат напорите за обезбедување траен мир и продуктивен дијалог меѓу Косово и Србија, и на крајот сеопфатен договор за нормализација, за кој веруваме дека треба да се фокусира на заемното признавање“, се наведува во соопштението од претседателскиот кабинет на Османи.

Бајден во писмото навел и дека со косовската претседателка Османи ќе работи на владеењето на правото, борбата против корупцијата, заштитата на правата на малцинствата и верските заедници, и опоравувањето од последиците од пандемијата на ковид-19 и економскиот развој, како и на обезбедување одржлива енергетска иднина.

Се додава дека Бајден ѝ одговорил на Османи САД да му помогнат на Косово со вакцини.

„Претседателот Бајден истакна дека со зголемување на количествата на вакцини САД ќе работат со партнерите на нивна дистрибуција и дека неговиот тим ќе биде во контакт со Османи за таа цел да се постигне“, се наведува во соопштението.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе