Верува во „силна, интензивна и принципиелна конкуренција“

Бајден во ОН ќе каже дека не верува во нова студена војна

Американскиот претседател Џо Бајден, кој би требало утре да зборува пред Генералното собрание на Обединетите нации, ќе каже дека „не верува во поимот нова студена војна“, изјави анонимен американски функционер.

EPA-EFE

Бајден „утре ќе даде до знаење дека не верува во поимот нова студена војна со свет поделен на блокови“, кажа неименуваниот функционер во контекст на ривалството меѓу Вашингтон и Пекинг.

Американскиот претседател „верува во силна, интензивна и принципиелна конкуренција“, додаде истиот извор.

Бајден, кој предизвика критики со управувањето со повлекувањето на силите од Авганистан и предизвика дипломатска криза со Франција поради големиот договор за вооружување на Австралија, заминува во Њујорк со говор за единство, истакна функционерот.

Според него, Бајден сака на меѓународната заедница да ѝ даде до знаење дека го „затворил поглавјето за војна“ и дека отвора поглавје посветено на ефикасна и решителна американска дипломатија која ќе соработува со сојузниците и партнерите во решавање на проблемот.

Функционерот потврди дека Бајден иницирал разговор со францускиот колега Емануел Макрон и дека американскиот претседател „едвај го чека тој телефонски разговор“.

Француските власти ги обвинија САД дека без претходна консултација склучиле стратегиско партнерство со Британија и Австралија, што доведе до раскинување на вредниот договор за австралиска нарачка на француски подморници.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе