Бајден вети дека правата на ЛГБТ заедницата ќе му бидат приоритет доколку победи

Претседателскиот кандидат Џо Бајден вети дека ако победи на претседателските избори во вторник, еден од неговите приоритети ќе биде да се донесе законот за правата на ЛГБТК заедницата, Законот за рамноправност и ќе настојува да се потпише дополнет историскиот закон за граѓански права во првите 100 дена од претседателскиот мандат.

Фото: ЕПА

Законот за рамноправност треба да ги штити американските граѓани од дискриминација врз основа на сексуален или родов идентитет со дополнување на Законот за граѓански права од 1964 година, со кој се забранува дискриминација врз основа на раса, религија, пол и национално потекло.

Бајден, еден од водечките поборници за правата на ЛГБТК за време на својата потпретседателска функција во мандатот на претседателот Барак Обама од 2009 до 2017 година, во интервју за Филаделфија геј њуз изјави дека ќе ги промовира тие права и на меѓународната сцена така што тој закон, ако самиот во јануари влезе во Белата куќа, ќе биде во центарот на американската дипломатија.

Демократскиот претседателски кандидат преку е-пошта ги достави насоките на својата политика за ЛГБТК правата до Марко Сегал, уредникот на списанието Филаделфија геј њуз, активист за правата на хомосексуалците од 1970-тите.

„Донесувањето на Законот за рамноправност ќе биде еден од законодавните приоритети во текот на моите први 100 дена на претседателската функција, приоритет на кој Доналд Трамп се спротивставува “, рече Бајден во разговорот воден преку електронска пошта.

Но, Трамп беше првиот републикански претседател кој во својот победнички говор ги спомна правата на ЛГБТК и во судовите и во својот кабинет назначи луѓе кои ѝ припаѓаат на таа заедница, пишува Ројтерс.

Портпаролката на тимот Трамп, Саманта Загер, рече дека Демократската партија „премногу долго ги присвојуваше гласовите на ЛГБТК Американците кои сега свој дом наоѓаат во Републиканската партија“.

Во 2019 година, американскиот Претставнички дом под демократско мнозинство го донесе Законот за рамноправност, кој заглави во Сенатот под контрола на републиканците.

За законот да помине во двата дома на Конгресот, на Бајден ќе му треба демократите да го задржат мнозинството во Претставничкиот дом и да ја преземат контролата во Сенатот.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе