Бајден: Трамп не нарачал доволно вакцини, состојбата е полоша отколку што мислев

Американскиот претседател Џо Бајден ја критикуваше програмата за вакцинација што ја наследи од својот претходник Доналд Трамп, велејќи дека таа е во „многу полоша состојба" отколку што очекувал и ги повика Американците да бидат трпеливи, истакнувајќи дека владата купила уште 200 милиони дози вакцина.

EPA-EFE

„Уште некое време нема сè да биде решено, но ќе се реши“, рече Бајден во изјавата што ја даде во Националниот институт за здравство во Бетесда (Мериленд).

Додека побарувачката за вакцина далеку ги надминува залихите, Американците имаат големи проблеми со нарачувањето вакцини, па затоа Бајден се соочува со голем проблем помалку од еден месец откако ја презеде функцијата од Трамп.

Бајден рече дека Трамп не нарачал доволно вакцини и не сторил доволно за да го одреди редоследот на вакцинирање.

Тој додаде дека програмата за вакцинација што ја наследил е „во многу лоша состојба“ отколку што очекувал и дека неговиот тим бил наведен на погрешни заклучоци за залихите на вакцини.

„И додека научниците го направија своето и ја открија вакцината за рекордно време, мојот претходник - ќе бидам многу отворен - не го сторил она што беше потребно за да се подготви за масовна вакцинација на стотици милиони луѓе“, рече Бајден.

Тој изјави дека американската влада има потпишано договори за 100 милиони дози на Модерна и за уште 100 милиони дози од вакцината на Фајзер.

Тој предупреди дека бројот на починати од коронавирус може да достигне 500.000 следниот месец и ги повика Американците да носат маски за да го спречат ширењето на инфекцијата.

„Сега набавивме доволно вакцини за да ги вакцинираме сите Американци“, рече Бајден. Тој истакна дека Соединетите Држави, кои имаат околу 330 милиони жители, се на пат да набават 300 милиони дози до крајот на јули.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе