Бајден: Трамп и МАГА републиканците се закана за Уставот и американската демократија

Американскиот претседател Џозеф Бајден ги означи својот претходник Доналд Трамп и неговите поддржувачи од редовите на републиканците како закана за Уставот, кои имаат намера, како што рече, да ја уништат американската демократија.

Фото: ЕПА

„Постојат опасности кои не можеме да дозволиме да надвладеат“, рече Бајден пред Домот на независноста во говорот што претставниците на Белата куќа го нарекоа „борба за душата на нацијата“.

Тој ги обвини Трамп и неговите поддржувачи - МАГА републиканците, кратенка од слоганот на Трамповата кампања „Да ја направиме Америка повторно голема“, дека сакаат да употребат насилство во нападот на демократските институции.

„Нацијата е на пресвртна точка и потребно е Американците да извикаат - ова не сме ние. МАГА републиканците се обидуваат да го соборат сегашниот систем. Не е можно да се поддржува бунт и да се биде проамерикански ориентиран. Запрете го нападот врз американската демократија“, рече Бајден.

Споредувајќи го Трамп со автократите во историјата кои, како што рече, ги поткопувале демократиите, Бајден посочи дека историјата покажува дека слепата лојалност кон еден лидер е фатална за демократијата.

„Многу републиканци не го поддржуваат Трамп, но со Републиканската партија доминираат, ја предводат и заплашуваат Доналд Трамп и МАГА републиканците“, рече Бајден.

„Тие не живеат под светлината на вистината, туку во сенката на лагите“, рече Бајден, додавајќи дека во моментите на неговото обраќање на удар биле еднаквоста и демократијата.

Тој посочи дека не секој републиканец е МАГА републиканец и дека не секој републиканец ја прифаќа нивната екстремна идеологија, но дека МАГА републиканците не го почитуваат Уставот, не веруваат во владеењето на правото, не ја признаваат волјата на народот и одбиле да ги признаат резултатите од слободните избори.

Тој истакна дека до последен здив ќе се бори за демократијата и ги повика американските граѓани да му се придружат и да гласаат на претстојните избори.

„Често слушаме дека насилството е прифатливо политичко средство во оваа земја. Тоа не е и никогаш не може да биде. Сакам јасно да истакнам: нема место за политичко насилство во Америка. Точка. Никогаш“, нагласи Бајден.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе