Бајден: Трамп е кукавица

Демократскиот кандидат за Белата куќа Џо Бајден го критикуваше „кукавичкото“ однесување на Доналд Трамп во кризата во Хонг Конг, каде Пекинг го наметна законот за национална безбедност, ветувајќи дека, ако победи на изборите, ќе го заостри ставот на Соединетите Американски Држави околу кршењето на човековите права.

EPA-EFE

„Не изненадува тоа што Пекинг дејствува неказнето“, оцени поранешниот американски потпретседател Бајден во соопштение. „Претседателот Трамп постојано се откажува од нашите вредности и ги уверува кинеските автократи дека во белата куќа имаат некој кој мисли како нив“.

„Тука каде што Трамп беше кукавица јас ќе бидам решителен, јасен и доследен во одбраната на нашите вредности“, истакна демократскиот кандидат.

Кинескиот претседател Си Џинпинг во вторникот го потпиша законот за национална безбедност на Хонг Конг.

Критичарите на законот истакнуваат дека со него се обидува да ја замолчи опозицијата во Хонг Конг. Тој закон го прогласува кинеското правосудство за надлежно за „тешките“ закани за безбедноста и предвидува доживотен затвор за кривични дела против националната безбедност.

Неговите први ефекти се покажаа во средата кога беше задушен протест организиран на годишнината од независноста на таа територија. Уапсени беа 370 луѓе, меѓу кои 10 за наводно кршење на законот за национална безбедност.

Вашингтон уште на крајот на мај силно удр укинувајќи го специјалниот трговски статус на Хонг Конг. А државниот секретар на САД Мајк Помпео во вторникот предупреди дека не се исклучени и нови американски санкции.

Сепак, Бајден вчера најави уште построги мерки кажувајќи дека, ако победи на изборите, ќе „обезбеди полна“ примена на законот за човекови права во Хонг Конг и Синџијанг, каде Кина, како што тврди Западот, во логори за политичко превоспитување држи затворени најмалку еден милион муслимани.

„Веднаш ќе воведам економски санкции ако Пекинг ја прошири својата цензура на нашите брегови и се обиде да ги замолчи нашите граѓани, претпријатија и установи“, се закани Бајден.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе