Во интервју за Еј-би-си њуз

Бајден смета дека Путин е „убиец“: „Цената што ќе ја плати ќе ја видите наскоро“

Коментарите на американскиот претседател следуваат по разузнавачките информации што го поврзуваат Кремљ со огромните дезинформациски кампањи и се однесуваат на онлајн-напади врз пратеници и медиуми за време на изборите во 2020 година.

Фото: ЕПА

Американскиот претседател Џо Бајден потврди дека верува оти рускиот претседател Владимир Путин е „убиец“, на прашањето од водителот на Еј-би-си њуз.

Прашањето следува по федералната истрага за сајбер-напади поврзани со Русија и разузнавачки извештај што го поврзува Кремљ со онлајн-мешање поврзано со изборите, во кое биле промовирани Доналд Трамп и теориите на заговор на десницата во обид да се дискредитира Бајден.

На прашањето дали верува дека Путин е „убиец“ во претходно снимено интервју што се емитуваше во средата, претседателот одговори: „Да“.

„Цената што тој ќе ја плати ќе ја видите наскоро“, рече тој.

Бајден се присети на средба со Путин за време на која, наводно, му рекол на рускиот претседател дека му погледнал во очите и видел дека тој нема душа (референца на процената на Џорџ В. Буш за Путин во 2001 година, кога поранешниот претседател на САД рече „го погледнав човекот во очи“ и „ја почувствував неговата душа“.)

„Не ми беше мудро тоа“, рече Бајден. „Тој ме погледна и рече: ‘Се разбираме ние’“.

Бајден рече дека во телефонски разговор во јануари го предупредил својот руски колега дека САД може да одговорат.

„Тој ќе плати цена“, рече Бајден. „Долго разговаравме... а во почетокот на разговорот јас реков, ‘јас те познавам тебе и ти ме познаваш мене. Ако утврдам дека ова се случило, тогаш спреми се'“.

Во големото интервју на американскиот претседател за Еј-би-си њуз беа опфатени имиграцијата и пристигнувањето на илјадници деца без придружба на границата САД-Мексико, неговите ставови за блокадата на Сенатот, повиците меѓу демократите гувернерот на Њујорк Ендрју Куомо да поднесе оставка, политизацијата на напорите за вакцинација против ковид-19 и судбината на односите со Саудиска Арабија по извештајот што го поврзува принцот престолонаследник Мухамед бин Салман со убиството на новинарот Џамал Кашоги.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе