Инцидентот се случил во саботата, се вели во соопштението на канцеларијата на Бајден, а 78-годишниот новоизбран американски претседател од редовите на Демократската партија во неделата направил рендген и ЦТ-скен на ортопедот, како „мерка на претпазливост“.
Лекарите првично сметале дека поранешниот потпретседател на САД само го искривил глуждот, но наложиле дополнително снимање на повредата.
„Со контролниот ЦТ се потврдија помали скршеници“, рече личниот лекар на Бајден, Кевин О’Конор, во изјавата издадена од канцеларијата на Бајден.
„Веројатно неколку недели ќе му треба заштитен чевел за одење“, додаде О’Конор.
Како најстар претседател во историјата, Бајден треба да даде заклетва на 20 јануари следната година, а сојузниците, како и ривалите, веројатно внимателно ќе ја следат неговата здравствена состојба, заклучува Ројтерс.
Актуелниот американски претседател Доналд Трамп, кој сѐ уште не го призна изборниот пораз и ги оспорува резултатите на суд, му посака на Бајден брзо закрепнување.
„Поскоро да оздравиш!“, напиша Трамп на Твитер.
Get well soon! https://t.co/B0seiO84ld
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) November 30, 2020