Бајден: Сите живи поранешни претседатели ми се јавија, освен Трамп

Американскиот претседател Џо Бајден во интервју за Си-ен-ен кажа дека имал приватни разговори со сите живи претходници освен со еден.

EPA-EFE

„Како нов жител на Белата куќа имам неверојатно чувство за историја“, кажа Бајден во интервјуто за Си-ен-ен.

Тој кажа дека разговарал со речиси сите свои претходници.

Не именувајќи ги, наведе дека имал приватни разговори со сите живи поранешни претседатели на САД, освен со еден.

„Инаку, сите, со еден исклучок, кренаа телефон и ми се јавија“, кажа Бајден, не именувајќи го Доналд Трамп.

Трамп е првиот претседател во модерната историја кој одбил да учествува на традиционалната средба со својот наследник, ниту Трампови им беа домаќини на Бајденови во Белата куќа за вообичаената средба на денот на инаугурацијата.

Трамп, сепак, му остави писмо на Бајден на бирото во Овалната канцеларија, што е исто така дел од традицијата. Двете страни одбија да ја коментираат содржината на писмото, кое Бајден го опиша само како „многу великодушно“.

Бајден сугерираше дека во минатото на претседателството гледал низ призмата на големите американски претседатели во историјата, издвојувајќи ги Абрахам Линколн, Френклин Рузвелт и Џорџ Вашингтон, кого го опиша како „надчовек“.

Но, како што кажа, се чувствува попријатно кога себеси се гледа во лигата на седумте поранешни претседатели кои лично ги запознал.

„Морав да се потсетам дека тоа се навистина фини луѓе кои добро ги познавав, последните седум претседатели. Но, Боже мој, не сум јас Абрахам Линколн, не сум Френклин Рузвелт, како да се носам со тие проблеми?“, праша американскиот претседател.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе