Бајден се обрати до јавноста, очекува да победи со над 300 електорски гласа

Демократскиот кандидат за претседател Џо Бајден се обрати до јавноста од Вилмингтон доцна синоќа според американско време, велејќи дека е на пат да освои повеќе од 300 електорски гласа и дека ќе победи со „јасно мнозинство“.

Фото: ЕПА

„Сè уште немаме конечна објава на победата, но бројките ни кажуваат јасна и убедлива приказна. Ќе победиме во оваа трка“, рече Бајден, кого на бината го придружуваше кандидатката за потпретседател на САД, Камала Харис.

Додека продолжува пребројувањето на гласачките ливчиња, а победникот во претседателската трка сè уште не е објавен, Бајден истакна дека има предност во Пенсилванија, Џорџија, Аризона и Невада и дека е на пат да освои повеќе од 300 електорски гласа.

Потребни се 270 електорски гласа за да се победи, а Бајден е на чекор до таа бројка - тој во моментов води во однос на претседателот Доналд Трамп со најмалку 253 електорски гласа во споредба со 214-те на Трамп.

Демократскиот кандидат за претседател повика на трпение.

„Мора да останеме смирени и да дозволиме процесот да се одвива. Вашиот глас ќе биде почитуван, не ми е гајле колку луѓе се обидуваат да го запрат тоа, јас нема да го дозволам тоа“, рече тој.

Бајден исто така рече дека неговите гласачи, сите 74 милиони, му дале мандат за акција по прашањето за пандемијата на коронавирусот, економијата, климатските промени и системскиот расизам.

„Сакам сите да знаат дека од првиот ден ќе го почнеме нашиот план за ставање на вирусот под контрола“, рече Бајден, додавајќи дека неговата администрација може да спаси многу животи во наредните месеци.

Дневниот број на заразените Американци во последните три дена надминува 100.000, а само во петокот имаше рекордни 129.000. Од почетокот на пандемијата во САД, повеќе од 236.000 луѓе го загубија животот од коронавирусот, а 9,7 милиони Американци се заразени.

Осврнувајќи се на моменталната политичка состојба, тој рече дека има големи тензии по тешките избори, со што призна дека има големи поделби во Соединетите Држави поради коронакризата, економските нарушувања и тешката претседателска кампања.

Тој ги повика Американците да ги остават зад себе гневот и демонизацијата.

„Имаме сериозни проблеми, не треба повеќе да губиме време на партиски војни. Ние сме противници, но не сме непријатели“, рече Бајден.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе