Проектот е речиси завршен

Бајден: Санкциите против Северен тек 2 би биле контрапродуктивни

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека неговата администрација одлучила да се откаже од санкциите за гасоводот Северен тек 2, бидејќи проектот е речиси завршен, а санкциите би им наштетиле на односите со европските сојузници.

EPA-EFE

„Речиси е целосно завршен“, кажа Бајден за гасоводот кој ќе го носи гасот од Русија во Германија под Балтичкото Море.

„Не дека можам да ѝ дозволам на Германија нешто да направи или не... Мислам дека наметнување санкции сега би било контрапродуктивно во смисла на нашите европски односи“, им кажа американскиот претседател на новинарите, додавајќи дека е против проектот од неговото основање.

Стејт департментот минатата недела соопшти дека руската компанија која стои зад гасоводот, Северен тек 2 АГ, и нејзиниот германски извршен директор Матијас Варниг, соработник на рускиот претседател Владимир Путин, се бавеле со санкционирањето.

Но, Бајденовата администрација се откажа од санкциите, оценувајќи дека тоа е во националниот интерес на САД.

Во Вашингтон одлуката наиде на критики на републиканците и дел од демократите. Гасоводот, кој би требало да биде завршен до септември, беше во центарот на политичките несогласувања меѓу Берлин и Вашингтон за време на владата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Откако стапи на функцијата во јануари, Бајден се труди да ги подобри односите со Европа откако беа нарушени во мандатот на Трамп.

Американската страна предупредуваше дека гасоводот ќе ја направи Европа позависна од руските енергенси и ќе ја одмине Украина, која зависи од таксата за транзит на гасот.

Германската влада одби да го прекине проектот, тврдејќи дека тоа е комерцијален проект и суверено прашање.

Бајден, кој одвоено ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел и Путин за време на посетата на Европа во јуни, кажа дека Германците биле свесни за загриженоста на САД.

„Тие знаат дека имам цврст став за тоа и се надевам дека од овој момент ќе можеме да работиме како да се носиме со тоа“, кажа Бајден.

Меркел претходно на 24 мај кажа дека очекува понатамошни разговори со САД за проектот Северен тек 2 по укинувањето на санкциите.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе