Бајден: САД во Украина нема да испратат ракетни системи со дострел до Русија

Американскиот претседател Џо Бајден попладнево изјави дека САД не планираат во Украина да испратат ракетни системи што би можеле да стигнат до Русија.

Фото: ЕПА

Соединетите Американски Држави ѝ дадоа значителна воена помош за Украина откако Русија ја почна инвазијата на земјата кон крајот на февруари.

Украинските власти бараат да им се испрати повеќецевен систем за лансирање ракети (МЛРС), кој може да испукува проектили со дострел од стотици километри. Кабелската мрежа Си-ен-ен и дневниот весник Вашингтон пост во петокот објавија дека администрацијата на Бајден е склона кон испраќање на овој и на уште еден ракетен артилериски систем, како дел од поголем пакет воена помош за Украина.

Сепак, Бајден денеска го отфрли тоа.

„Нема во Украина да испраќаме ракетни системи што би можеле да ја погодат Русија“, им рече Бајден на новинарите по враќањето во Белата куќа од Делавер, пренесува Ројтерс.

Бајден не ја отфрли можноста за испраќање одредени системи за оружје, но очигледно поставил и услови за нивна употреба, пренесува Ројтерс. Американскиот претседател и неговиот тим работат на нов пакет воена опрема, кој се очекува да биде објавен во наредните денови.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе