Бајден: Русија не треба да биде означена како спонзор на тероризам

Американскиот претседател Џо Бајден изјави синоќа дека Русија не треба да биде означена како државен спонзор на тероризам. Тоа е потег што Украина веќе некое време го бара од Западот поради инвазијата, но и поради руските воени злосторства извршени на украинска територија. Москва, од друга страна, предупредува дека ваквата етикета целосно ќе ги наруши руско-американските односи.

Фото: ЕПА

На новинарско прашање дали Русија треба да биде означена како државен спонзор на тероризмот, Бајден во Белата куќа кратко одговори: „Не“.

Дел од американските законодавци претходно исто така предложија Русија да се означи како спонзор на тероризмот, потсетува Гардијан.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе