Бајден: Гори руската тундра, но Путин не презема ништо

Американскиот претседател Џозеф Бајден ги критикуваше Кина и Русија поради тоа што не направиле повеќе за решавање на климатската криза.

Фото: ЕПА

„Ние се појавивме и со тоа влијаевме врз тоа како остатокот од светот ги гледа Америка и нејзините лидери. Ова е огромен проблем, а тие ја свртеа главата на друга страна. Како можат да го направат тоа и да се нарекуваат себеси големи водачи“, рече Бајден на самитот КОП26, пренесува Си-ен-ен.

Кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин не присуствуваа на климатскиот самит на Обединетите нации во Глазгов, кој се смета за најважните меѓународни преговори за климата во последниве години.

Од друга страна, Пекинг и Москва претходно соопштија дека на нивните лидери не им е обезбеден ниту гарантиран видеолинк за обраќање кон учесниците на самитот.

Зборувајќи подетално за односите со Кина, американскиот претседател рече дека не е загрижен поради можен оружен судир и дека на кинескиот претседател во разговор јасно му ставил на знаење дека ривалството меѓу двете земји не мора да биде и судир.

Бајден нагласи дека САД би требало да ги поддржат климатските акции дури и ако другите нации не го прават тоа затоа што сакаат свет што „ќе може да дише“ и сакаат да бидат предводници во него.

„Факт е дека Кина се обидува да ја потврди својата нова улога како светски лидер, а притоа да не се појавува. Најважната работа што го привлече вниманието на светот е климата. Секаде. Од Исланд до Австралија. Тоа едноставно е огромно прашање, а Кина се повлече. Како можете да го правите тоа и да тврдите дека потоа можете да имате каква било лидерска улога? Истото е и со Путин“, нагласи Бајден. „Путиновата тундра гори, буквално, тундрата гори. Тој има сериозни, сериозни климатски проблеми, но не презема ништо“.

Американскиот претседател рече дека дејствувањето во врска со климатската криза не е само морален, туку и економски императив.

„Вложувањето во иднината на чиста енергија е огромна можност, огромна можност за секоја земја да создаде добро платени работни места и да го поттикне економското заздравување на поширока основа“, рече Бајден на климатскиот самит КОП26.

Бајден нагласи дека повеќе од 100 светски лидери, кои претставуваат држави со повеќе од 85 отсто шуми на планетава, се согласија на окончување и пресврт во врска со уништувањето на шумите и деградацијата на земјиштето до 2030 година, што е одличен пример какви амбиции се потребни во борбата против климатските промени.

„САД се горди што го почнаа и го поддржаа тоа. Од наша страна, ќе продолжиме да ги зголемуваме амбициите и да ја исполниме целта и така да ги намалиме домашните емисии за 50-52 отсто до 2030 година. Оваа деценија мораме да направиме значителен напредок“, рече американскиот претседател.

Тој на крајот порача дека не може да се сети на два дена во кои е постигнато повеќе во врска со климатските промени од овие два дена на самитот КОП26 во Глазгов.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе