Бајден, прв американски претседател на комеморација во Тулса: Дојдов да го прекинам молкот

Џо Бајден е прв американски претседател што присуствуваше на комеморацијата за жртвите на масакрот во Тулса во Оклахома, одржана во вторникот, во кој биле убиени околу 300 Афроамериканци во 1921 година, и дојде за да „помогне да се прекине молкот".

Фото: ЕПА

„Настаните за кои зборуваме се случија пред 100 години, а сепак јас сум првиот претседател во 100 години што дојде во Тулса“, рече Бајден и додаде дека сака да ја „разоткрие вистината“.

„Дојдов овде да помогнам да се прекине молкот. Бидејќи во молкот раните се продлабочуваат“, истакна тој.

Расистичкиот напад во Тулса „беше предолго заборавен во нашата историја. Веднаш откако се случи, имаше напори да се избрише од нашето сеќавање“, рече Бајден.

„Некои неправди се толку ужасни, толку застрашувачки, толку болни што не можат да останат закопани“, продолжи Бајден, кој беше и потпретседател на Барак Обама.

Бајден го искористи овој историски говор за да ги осуди нападите „апсолутно без преседан“ врз избирачкото право на Афроамериканците, „најосновното право“, преку законите што го ограничуваат пристапот до избирачките места во некои конзервативни држави.

Дводневното крваво насилство во Тулса, кое го започна толпа белци на 31 мај 1921 година, беше игнорирано со децении во Америка како историски факт, наведе Би-би-си, а минатата година, по бруталното убиство на Џорџ Флојд во Минеаполис, повторно се актуализираше.

Незапаметеното насилство се случи во богатата афроамериканска населба Гринвуд во Тулса, исто така викана и Блек Вол Стрит, откако еден Афроамериканец бил обвинет за напад на бела жена.

Иако обвиненијата не биле докажани, тие активирале бран убиства на афроамерикански жители, ограбување на нивните домови и палење згради блок по блок. На крајот повеќе од илјада згради биле уништени.

Се проценува дека околу 300 луѓе биле убиени, илјадници останале без домови и целата заедница била уништена.

Бајден го прогласи 31 мај ден на сеќавање, повикувајќи ги Американците „заеднички да се обврзат за искоренување на системскиот расизам и да помогнат во обновата на заедниците и животите кои со него се уништени“. Тој исто така ја призна улогата на сојузната влада во „одземањето на богатството и можностите на афроамериканските заедници“.

Тој во Тулса се сретнал со три лица кои го преживеале тој масакр: Виола Флечер, Хју Ван Елис и Леси Бенингфилд Рендл, кои денес имаат меѓу 101 и 107 години. Тој исто така ја посети изложбата посветена на тој масакр во културниот центар Гринвуд.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе