Го дочека воен оркестар додека тој минуваше со сопругата и прва дама Џил Бајден. Оркестарот ги свиреше „Поздрав до шефот“ и „Бог да ја благослови Америка“ додека двојката официјално влегуваше.
President Biden has finally arrived at the White House. pic.twitter.com/MLorqizYIV
— Keith Boykin (@keithboykin) January 20, 2021
Тој заедно со сопругата Џил излезе од својот службен автомобил, блиндиран кадилак со регистарска ознака „46“, и на влезот во Белата куќа се сретна со новинарите.
„Продолжете да го правите тоа што го правите“, им порача Бајден на претставниците на седмата сила.
Joe Biden arrives at the White House for the first time as US president. pic.twitter.com/DDU2zGCJ4o
— euronews (@euronews) January 20, 2021
Џо Бајден денес официјално ја презема должноста претседател на САД по положувањето на заклетвата на Капитол.
Тој денес ги потпиша првите три документи во Претседателската соба на Капитол како претседател на САД.
Станува збор за прогласите за инаугурацијата, за номинацијата на функционери во својот кабинет, како и за номинацијата за пониски позиции во владата.