Бајден предлага зголемување на данокот за компаниите и богатите

Клучен комитет на Претставничкиот дом на САД ги прифати предлозите на законот за зголемување на даноците за компаниите и богатите за да помогнат во финансирањето на буџетскиот план на претседателот Џо Бајден вреден 3.500 милијарди долари.

Фото: ЕПА

Комитетот на Претставничкиот дом што е надлежен за разгледување на буџетот, и во кој пратениците на демократите имаат мнозинство, со мнозинство гласови ги одобри деловите од нацрт-буџетските закони што се однесуваат на даноците.

Ова вклучува зголемување на највисоката стапка на данок на доход од 37 на 39,6 проценти и на највисоката стапка на данок на добивка од 21 на 26,5 проценти.

Според планот, стапката на данок на капитална добивка ќе се зголеми од 20 на 25 проценти за Американците со оданочен приход над 400.000 американски долари, со додаток од 3 проценти на приходот поголем од 5 милиони американски долари.

Мислењето на комитетот е препорака до лидерите на Претставничкиот дом и Сенатот, додека во наредните недели тие ќе работат на конечните верзии на законите за даноци и трошоци.

Демократите, чија цел е законот да се усвои без поддршка од републиканските пратеници, не можат да си дозволат да загубат повеќе од три гласа во Претставничкиот дом и ниту еден глас во Сенатот.

Зголемувањето на данокот е очекуван предлог, имајќи предвид дека за време на кризата со коронавирусот владите на Доналд Трамп и на Џо Бајден одобрија огромни фискални стимулации за да им помогнат на граѓаните да ја надминат кризата и за да го поттикнат економското закрепнување.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе