Сè уште не одлучил кого ќе именува

Бајден потврди дека ќе именува црна жена на местото на судијата на американскиот Врховен суд во заминување

Претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден потврди денес дека ќе именува црна жена да го замени судијата на Врховниот суд на САД во заминување Стивен Браер.

EPA-EFE

Бајден го прими во Белата куќа 83 годишниот прогресивен судија Браер кој заминува во пензија. Заминувањето на Браер е значаен настан за Бајден кој ќе може да го оствари ветувањето и да именува црна жена во таа моќна институција.

Демократскиот претседател кој го даде ова ветување за време на изборната кампања кажа во говорот посветен на судијата Браер во Белата куќа дека сè уште не одлучил кого ќе именува на местото на Браер.

„Лицето кое ќе го именувам ќе има извонредни квалификации, личност, искуство и интегритет. И тоа лице ќе биде првата црна жена именувана во Врховниот суд“, кажа Бајден.

Со тоа што ќе именува кандидатка помлада од Браер ќе му овозможи на Бајден барем на неколку години да го задржи актуелниот однос на силите во Врховниот суд на САД, каде има шест конзервативни и тројца прогресивни судии.

Според американскиот устав деветте члена на Врховниот суд ги именува претседателот доживотно, а им се потврдува именувањето во горниот дом на Конгресот, Сенатот.

Врховниот суд игра голема улога во САД. Тој одлучува за многу големи прашања во општеството.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе