Го прогласи Врховниот суд за „надвор од контрола“

Бајден потпиша извршна наредба за заштита на абортусот

Американскиот претседател Џо Бајден денеска рече дека во Соединетите Држави, сѐ додека тој ги води, абортусот нема да биде забранет и потпиша извршна наредба за заштита на пристапот до абортус и контрацепција, јавуваат агенциите.

Фото: ЕПА

Најбрзиот начин за жените да го искористат своето уставно право на абортус ќе биде преку закон усвоен од Конгресот, рече Бајден, откако Врховниот суд на Соединетите Држави во мај донесе одлука да им го ускрати тоа право на жените.

„Не можеме да дозволиме Врховниот суд неконтролирано да ги ограничува слободите“, рече Бајден додека ја потпишуваше извршната наредба со која настојува да го ублажи влијанието на историската пресуда на Врховниот суд на САД.

Демократот Бајден е под притисок од приврзаниците, особено од прогресивците, да преземе нешто откако во мај Врховниот суд со мнозинство конзервативни судии ја укина историската пресуда во случајот Роу против Вејд со која пред 50 години се легализираше абортусот.

Моќта на американскиот претседател е ограничена бидејќи федералните држави можат да донесат закони со кои би се ограничило правото на абортус и пристапот до контрацепција, па затоа декретот на претседателот има само ограничено влијание.

Бајден ќе му нареди на Министерството за здравство да ја заштити и да ја прошири достапноста на „лековите за абортус“ одобрени од Управата за храна и лекови, според Белата куќа.

Експертите велат дека е малку веројатно дека лековите за прекинување на раната бременост ќе бидат достапни без рецепт. Претседателската наредба нема да важи за сојузните држави што веќе го ограничија пристапот до овие лекови.

Бајден, исто така, ќе му нареди на Министерството да им обезбеди на жените пристап до итна медицинска помош, услуги за планирање на семејството и контрацепција, вклучително и интраутерна влошка (спирала).

Јавниот обвинител и Белата куќа ќе обезбедат адвокати што ќе даваат бесплатни правни совети за пациентите што бараат абортус и за лекарите и установите што вршат абортуси.

„Ова вклучува и заштита на правото на патување надвор од земјата заради медицинска заштита“, се вели во соопштението на Белата куќа.

Врховниот суд им ја врати на сојузните држави моќта да одлучуваат за абортусот. Како резултат на тоа, жените со несакана бременост ќе треба да патуваат во други држави каде што абортусот е легален и достапен, да купуваат лекови за абортус преку интернет или да вршат потенцијално опасни абортуси надвор од официјалните здравствени установи.

Бајден ја осуди одлуката на Врховниот суд, која беше ентузијастички поздравена од конзервативците и активистите против абортусот.

Седумнаесет месеци по заминувањето од функцијата, поранешниот претседател Доналд Трамп на 25 јуни го исполни своето предизборно ветување така што конзервативното мнозинство во Врховниот суд на САД, кое тој дополнително го зајакна, ја поништи пресудата од Роу против Вејд од 1973 година со која беше легализиран абортусот низ целата земја.

Трамп во своите четири години на функција назначи тројца судии - Нил Горсуч во 2017 година, Брет Кавано во 2018 година и Ејми Кони Барет во 2020 година – по што во судот сега има шест конзервативни судии и тројца либерални.

Тројцата судии назначени од Доналд Трамп беа клучни во одлуката да се помести вагата на правдата и да се елиминира основното право на жената во оваа земја, рече Бајден тогаш. Врховниот суд одлучи дека сега поединечни сојузни држави можат да го ограничат или да го забранат абортусот.

Во одвоеното мислење на либералните судии Стивен Бреер, Елен Каган и Сони Сотомајор, се нагласува дека резултатот од одлуката на Врховниот суд е „потиснување на правата на жените и нивниот статус на слободни и еднакви граѓани“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе