„Ова е ден на Америка“

Бајден положи заклетва и официјално стана 46-от претседател на САД (ВИДЕО)

Џозеф Бајден ја положи заклетвата и официјално стана 46-от претседател на САД, и со 78 години е најстариот вршител на таа функција.

EPA-EFE

Бајден заклетвата ја положи пред врховниот судија Џон Робертс, а неговата сопруга Џил Бајден ја држеше Библијата додека тој ја даваше заклетвата.

Во воведното обраќање кажа дека демократијата надвладеала со Америка.

„Ова е ден на Америка. Ова е ден на демократијата“, кажа Бајден.

Тој во обраќањето кажа дека американската нација „мора да се спротивстави на белата надмоќ“.

„Сонот за правда за сите нема повеќе да биде одложуван“, порача Бајден.

Повика на обединување, по годините на поделби.

„Знам дека говор за единство денес на некои може да им звучи како глупава фантазија. Знам дека силите кои нè делат се длабоки и реални. Исто така знам дека не се нови“, кажа новиот американски претседател.

„Ова е наш историски момент на кризи и предизвици, а единството е патот за напред“, кажа Бајден.

Кажа и дека ќе се залага за подобри односи во светот.

„Ќе ги поправиме односите со своите сојузници и повторно ќе стапиме во контакт со светот, не за да излеземе на крај со вчерашните, туку со денешните и утрешните предизвици“, кажа Бајден.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе