Бајден подготвува низа иницијативи за да ја заштити Украина од руски напади

Американскиот претседател Џозеф Бајден вчера изјави дека подготвува низа иницијативи насочени кон заштита на Украина од руски напад во време кога Киев и Вашингтон ја обвинуваат Москва дека подготвува инвазија.

Фото: ЕПА

Обраќајќи се во Белата куќа, Бајден рече дека е во „постојан контакт“ со сојузниците на САД и со Украинците и дека подготвува иницијативи што „многу, многу ќе му отежнат“ на рускиот претседател Владимир Путин да „го направи она што луѓето се плашат дека ќе го направи“.

Американскиот претседател и неговиот руски колега наскоро би требало директно да разговараат за тензиите околу Украина, седум години по руската анексија на украинскиот црноморски полуостров Крим и бунтот на проруските сепаратисти во источна Украина, пренесува Франс прес.

Тензиите постојано се зголемуваа во текот на изминатите неколку недели поради можниот нов руски напад врз Украина. Русија е обвинета дека натрупала десетици илјади војници на границата.

За да ги смири тензиите, Москва бара безбедносни гаранции и посебно уверување дека НАТО нема да продолжи да се шири кон исток, особено со приемот на Украина.

Киев, од друга страна, категорично одби да се откаже од својот план за приклучување кон Алијансата, кој формално е на маса од 2008 година.

Доколку Украина влезе во НАТО, тоа би значело дека другите земји-членки на Алијансата, предводени од САД, ќе бидат обврзани воено да интервенираат во случај на агресија врз Украина.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Постоењето на еден отпорен, одржлив и правичен систем на храна е нешто што мора да биде столб на секоја агенда која има за цел за климатско ублажување или адаптација.

повеќе

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе