Бајден под притисок, САД бараат повеќе време за евакуација од Авганистан

Американскиот претседател Џо Бајден е под притисок на јавноста и сојузниците за да се овозможи повеќе време за евакуација на Авганистан под контрола на талибанците како што се ближи рокот за американското повлекување.

EPA-EFE

Според договорот со талибанците, САД мора да заминат од Авганистан до 31 август.

Но Франција, Британија и Германија размислуваат за продолжување на рокот пред денешниот самит. Американскиот претседател Џо Бајден ќе одлучи во следните 24 часа дали ќе го продолжи рокот за повлекување, изјави американски државен функционер за Ројтерс.

Од друга страна, талибанците за Би-би-си кажаа дека какво било продолжување би претставувало кршење на постигнатиот договор и предупредија на последици доколку американските сили останат.

Десетици илјади луѓе се евакуираат од главниот град на Авганистан Кабул, но другите кои се обидуваат да избегаат се или заглавени или не можат да стигнат до аеродромот кој е под контрола на Американците и нивните сојузници.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе