По добивањето на потребните гласови

Бајден победи и во Невада, низ Америка се слави (ВИДЕО)

Џо Бајден веќе победи на претседателските избори, а новоизбраниот претседател сега само си додава во својата бројка на електорски гласови.

Фото: ЕПА

Асошиејтед прес тукушто објави дека Бајден победил и во Невада и ги зел и нејзините шест електорски гласа, доведувајќи го вкупниот број до 290.

Ако Бајден го задржи водството во Џорџија, неговата конечна бројка електорски гласови ќе биде 306, далеку над 270-те потребни за освојување на Белата куќа.

Тоа исто така значи дека цифрата на електорски гласови на Бајден ќе биде идентична со електорските гласови што ги освои Доналд Трамп во 2016 година.

Трамп повеќепати ја карактеризираше својата победа на електорскиот колеџ во 2016 година како „неверојатно убедлива“.

 

Низ Америка се слави

Градот Филаделфија во Пенсилванија еруптираше кратко по прогласувањето победа на Бајден, вели Гардијан. Луѓето што со автомобили се возат низ центарот на градот свират, се веселат и гласно аплаудираат.

Се слави и во градот Вашингтон, кој традиционално им е наклонет на демократите. И таму луѓето на улица ја прославуваат победата на Бајден, па и пред Белата куќа.

Се слави и во Лос Анџелес.

Идната потпретседателка Камала Харис сподели видео од својот телефонски разговор со Џо Бајден кратко откако беа прогласени за победници на американските претседателски избори.

„Успеавме“, вели Харис на видеото. „Успеавме, Џо. Ти си наредниот претседател на Соединетите Држави.“

Се слави и на Тајмс сквер во Њујорк:

И низ целите САД:

Хилари Клинтон, која во 2016 загуби на изборите од Трамп, им ја честита победата на новоизбраните претседател и претседателка.

„Гласачите го кажаа своето и ги избраа Бајден и Харис да бидат наши наредни претседател и потпретседател. Ова е историско гласање, отфрлање на Трамп, и нова страница за Америка.

Ви благодарам на сите што помогнавте да дојде до ова. Напред, заедно“, напиша Клинтон.

Честитки за новоизбраните пристигнуваат од лидерите од целиот свет.

 

 

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе