Бајден по средбата со Путин: Јас сум за Америка, не против Русија (ВИДЕО)

Американскиот претседател Џо Бајден изјави по состанокот со рускиот лидер Владимир Путин дека неговата агенда не е против Русија, туку е за американскиот народ.

EPA-EFE

Бајден на почетокот на прес-конференцијата кажа дека ова бил долг ден за сите, пренесуваат агенциите.

„Тукушто го завршив последниот состанок на ова патување. Многу прашина се крена околу овој состанок. Не постои подобар начин за дијалог освен лице в лице“, кажа Бајден.

Тој додаде дека тој и Путин ја делат заедничката одговорност околу воспоставувањето стабилни односи. Истакна дека ќе продолжи да инсистира на почитување на човековите права, што беше и една од главните теми на самитот.

Бајден, како и Путин, веднаш на почетокот зборуваше за кибернетичката безбедност кажувајќи дека САД идентификувале одредени делови на инфраструктурата кои се надвор од досег. Вашингтон дефинирал 16 такви места, дефинирани како критични делови на инфраструктурата. Американскиот претседател кажа дека Русија начелно се согласила, но дека тоа мора да го потврди во пракса.

Кажа дека тој и Путин многу постигнале на состанокот во Женева. Истакна дека зборувале за човековите права, како и за затворањето на рускиот опозиционер Алексеј Навални.

Станало збор за заедничката работа во односите со Иран и повлекувањето на американските трупи од Авганистан.

Што се однесува до Украина, Бајден изрази непоколеблива посетеност на суверенитетот и територијалниот универзитет на Украина.

Американскиот претседател тонот на самитот го опиша како позитивен и додаде дека направил сè за што дошол.

Првата рунда од разговорот во која покрај Бајден и Путин биле и нивните шефови на дипломатиите Ентони Блинкен и Сергеј Лавров траеше речиси два часа. По паузата, состанокот продолжи во проширен состав.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе