Бајден: Пандемијата напредува меѓу невакцинираните

Американскиот претседател Џо Бајден ги повика Американците да се вакцинираат, додека сè поголемиот број заразени со ковид-19 се заканува да го поткопа напредокот против пандемијата и да го успори излегувањето на земјата од кризата.

EPA-EFE

„Видете, навистина е едноставно. Имаме пандемија меѓу оние кои не се вакцинираа. Тоа е основата, едноставно е“, кажа Бајден во Охајо.

„Десет илјади луѓе неодамна починаа. Меѓу нив 9.950 не беа вакцинирани“, кажа тој.

Бајден одговараше на прашања на демократите и републиканците за економијата, криминалот и инфраструктурата и во Синсинати, каде Доналд Трамп победи со голема разлика. Целата публика била вакцинирана, истакнува Си-ен-ен.

Сè поголемите броеви на заразени со коронавирусот низ САД и странство поттикнаа страв од повторна пандемија и ги разнишаа берзите бидејќи се чини дека делта сојот сè повеќе се шири.

Има многу заразени во САД во деловите од земјата каде вакцинирањето против ковид заостанува. Напорите на Белата куќа да се спроведе вакцинирањето наидуваат на бранови дезинформации и скептицизам.

Бајден изрази оптимизам дека американската Управа за храна и лекови (ФДА) би можела да одобри нови вакцини за деца помлади од 12 години на крајот на август, порано од предвиденото.

„Очекувам да разговарам со групата научници која ја формиравме. Можеби на почетокот на школската година, на крајот на август, почетокот на септември, или во октомври, ќе добијат конечно одобрување“, кажа Бајден.

Тој додаде и дека Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) веројатно ќе објави насоки поттикнувајќи ги децата кои не се вакцинирани против коронавирусот да носат маски во школите.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе