План за помош вреден 1.900 милијарди долари

Бајден од првиот ден ќе почне да ги поништува контроверзните одлуки на Трамп

Новоизбраниот претседател на САД Џозеф Бајден планира од првиот ден од мандатот да поништи некои од најконтроверзните одлуки на шефот на Белата куќа во заминување Доналд Трамп и веднаш да преземе чекори во борбата против пандемијата на коронавирусот.

EPA-EFE

Според тврдењата на неговиот иден шеф на кабинетот Роб Клејн, Бајден веднаш по инаугурацијата во среда ќе почне да носи претседателски укази со намера да смени бројни политики, не чекајќи го Конгресот во кој неговата Демократска партија ги контролира двата дома.

Тој првиот ден ќе ја укине забраната за влез во САД на државјаните на некои мнозински муслимански земји, ќе поднесе барање САД повторно да се приклучат на Парискиот договор за климатските промени, и ќе наложи задолжително носење маски во федералните објекти и за време на патувањата меѓу сојузните држави, наведе Клејн во дописот до соработниците.

Бајден ќе предложи и мораториум на отплаќањето на студентските кредити, за да спречи исфрлање од становите на студентите кои не можат да ја платат киријата поради пандемијата.

„Овие укази ќе им помогнат на милиони Американци погодени од кризата“, наведе Клејн.

Сепак, за „целосно остварување“ на целите на Бајден ќе биде потребна и согласност на Конгресот кој треба да го одобри планот за помош за време на пандемијата, вреден 1.900 милијарди долари.

Клејн наведе дека Бајден на првиот ден ќе предложи и сеопфатен закон за емиграцијата.

Дел од планот на Бајден ќе биде и отворање можност за милиони нелегални емигранти во САД да добијат американско државјанство.

Вториот ден на должноста Бајден ќе ги потпише указите кои се однесуваат на пандемијата на коронавирусот, а вклучуваат повторно отворање на школите и компании и помасовно тестирање на коронавирусот.

Бајден во петок ќе ги донесе указите за парична помош на оние кои се погодени од економските последици на пандемијата.

Втората недела како претседател Бајден ќе преземе мерки кои се однесуваат на реформата на правосудниот систем, климатските промени и емиграцијата, вклучувајќи и директива да биде забрзано спојувањето на семејствата раздвоени на границата на САД и Мексико во времето на Трамп.

Новите претседатели традиционално носат бројни укази на првите денови на мандатот.

Истото го направи и Трамп, но судовите поништија многу негови укази.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе