Бајден објави тајни документи за убиството на Кенеди

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објави купче тајни документи за убиството на Џон Ф. Кенеди, а дел од историчарите, како и теоретичари на заговори, веруваат дека ова би можело да фрли ново светло на убиството на американскиот претседател во 1963 година, јавува Си-ен-ен.

Википедија

Документите можете да ги прочитате тука.

Сепак, тоа што се објавени над 1.500 документи не значи дека се објавени сите. Голем број документи и понатаму се недостапни и/или делумно цензурирани така што вечната дебата меѓу федералните власти и луѓето кои го истражуваат убиството на Кенеди ќе продолжи.

Долгогодишните истражувачи на овој историски настан велат дека објавените документи најверојатно не ги вклучуваат документите кои би можеле да понудат некои нови клучни докази и да го променат она што јавноста го знае за овој настан и околностите пред и по атентатот.

Бајден во октомври го одложи објавувањето на документи за, како што објасни, да се заштитат нештата од важност за САД. Тогаш постави два рока за објавување. Едниот е денес, а другиот 15 декември следната година. Тогаш ќе бидат објавени нови документи.

Легенда под Главна слика

Википедија

Постоењето на еден отпорен, одржлив и правичен систем на храна е нешто што мора да биде столб на секоја агенда која има за цел за климатско ублажување или адаптација.

повеќе

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе