Оружјето што често се употребува во масовните пукања

Бајден: Нема да запрам додека не го забранам јуришното оружје

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џозеф Бајден, изјави дека неговата земја е „преплавена со воено оружје“, но и дека е решен да го забрани јуришното оружје, кое често се користи во масовните пукања.

Фото: ЕПА

Американскиот претседател предупреди вчера, по усвојувањето на првиот голем федерален закон за безбедност на оружјето во последните три децении, дека САД се место за „рециклирање на военото оружје“ и го обнови својот повик за забрана на јуришното оружје.

„Решен сум да го забранам ова оружје, повторно. Нема да запрам додека не го сторам тоа“, рече Бајден во Белата куќа, според Ројтерс.

Бајден претходно го повика Конгресот да го забрани јуришното оружје, да воведе проверка на минатото на сите купувачи и други мерки за контрола на оружјето за да се запрат серијата масовни престрелки што ги погодија САД.

Конгресот покажа слаба спремност да донесе забрана откако претходната забрана за такво оружје истече во 2004 година, но Бајден се надева дека ќе го искористи растечкиот американски гнев поради масовните пукања за да изврши поголем притисок врз пратениците да се премислат, пишува Ројтерс.

Повеќе од 18.000 луѓе загинале во оружено насилство во САД само оваа година, вклучувајќи ги убиствата и самоубиствата, покажуваат податоците на невладината истражувачка организација „Архива за оружено насилство“, објави неодамна Радио Слободна Европа.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе