Бајден: Не треба Трамп или јас да го прогласиме победникот, тоа право е на американскиот народ (ВИДЕО)

Кандидатот на демократите на претседателските избори во Соединетите Американски Држави, Џозеф Бајден, кажа дека не треба тој, или републиканскиот кандидат Доналд Трамп да го прогласат победникот на изборите.

EPA-EFE

„Тоа право им припаѓа на гласачите“, порача Бајден.

Тој кажа дека верува дека е на пат да победи на изборите.

Во САД се одржуваат претседателски избори, а граѓаните избираа меѓу актуелниот шеф на држава, републиканецот Трамп и кандидатот на демократите Бајден. Поради низа околности, со броењето на гласовите се доцни, па се чекаат резултатите во државите кои можат да бидат одлучувачки – Аризона, Висконсин, Мичиген и Пенсилванија. Трамп оствари важни победи во Флорида и Охајо.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе