„Не се однесува стабилно“

Бајден не сака на Трамп да му даде пристап до разузнавачките податоци

Американскиот претседател Џо Бајден не сака на својот претходник Доналд Трамп да продолжи да му дава пристап до доверливите разузнавачки податоци, каква што е праксата, кажа во интервју за Си-би-ес.

EPA-EFE

Трамп покажал „нестабилно однесување“ и би можел да излезе во јавност со доверливите податоци, кажа Бајден во интервјуто за Си-би-ес објавено синоќа по американско време.

Бајден не сакаше да шпекулира за тоа што би можело да се случи, но кажа дека на Трамп едноставно повеќе не му се потребни тие податоци.

Американскиот претседател истакна дека неговата проценка не е поврзана со Трамповото поттикнување на своите поддржувачи насилно да упаднат во Капитол на почетокот на јануари.

„Која е вредноста на тоа да му ги давам разузнавачките податоци, каков ефект сето тоа би можело да го има, освен што може да му се испушти и нешто да открие“, праша Бајден.

Целото негово интервју би требало да се прикаже утре.

Поранешните американски претседатели главно продолжуваат да ги добиваат разузнавачките податоци, но пред Трамп да ги добие, Бајден мора да се согласи со тоа.

Критичарите го обвинија Трамп дека неколку пати за време на својот мандат откривал доверливи податоци.

Според американските медиуми, тој покажувал мал интерес за брифинзите на разузнавачките агенции за време на мандатот, додека Бајден ги чита на дневна база.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе