Бајден не ја потценува можноста за победа на Трамп

Претседателскиот кандидат на американската Демократска партија Џозеф Бајден кажа дека Доналд Трамп сѐ уште може да победи поради обидите за делегитимизација на изборите, пренесува Си-ен-ен.

EPA-EFE

„Јас сум еден од оние луѓе кои сметаат дека ништо не е готово додека не заврши“, кажа Бајден во интервју за Си-би-ес и додаде дека смета дека какви било негови предвидувања освен тешка борба би биле грешка.

Бајден кажа дека не може да го потцени начинот на кој Трамп ја води битката за изборите.

„Трамп на одреден начин се обидува да ги делегитимизира изборите и целта на тие напори е граѓаните на САД да се прашаат дали треба да гласаат или не, дали вреди или не, и тоа е обид за заплашување“, оцени Бајден.

Тој истакна дека неговиот ривал веќе подолго време се обидува да го доведе во прашање гласањето по пошта и повеќе пати изнесе неточни тврдења за ваквиот начин на гласање и броењето на гласовите добиени на тој начин.

„Она што навистина ме радува е големата излезност во држави во кои веќе почна раното гласање“, кажа Бајден.

„Се надевам дека ќе има многу луѓе кои ќе гласаат за мене поради тоа што сум“, кажа Бајден и додаде дека разликата меѓу него и неговиот ривал е многу голема, во поглед на вредностите кои ги застапуваат и нивните погледи на светот.

Коментарот на Бајден следува откако истражувањата на јавното мислење покажаа дека тој е фаворите на американските претседателски избори на 3 ноември.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе