Бајден нареди декласификација на документите за истрагата за 11 септември

Американскиот претседател Џо Бајден вчера потпиша извршен указ за отстранување на ознаката за тајност од документите за истрагата на нападите на 11 септември 2001 во следните шест месеци, што е чувствителна тема за некои од семејствата на жртвите.

EPA-EFE

Повикувајќи се на „предизборното ветување“, Бајден ја „потпиша извршната одредба со која му наредува на министерството за правосудство и сите надлежни агенции да ја преиспитаат доверливоста на документите во врска со истрагата за нападите на 11 септември“, соопшти Белата куќа.

Министерот за правосудство треба да ги објави декласифицираните документи „во следните шест месеци’.

Семејствата на жртвите на терористичките напади на 11 септември 2001 почнаа правна битка против Саудиска Арабија и други земји обвинувајќи ги за соучесништво.

За време на таа постапка, американските влади кои се менуваа по тоа, се повикуваа на државна тајна за да не објават некои документи.

Темата е чувствителна, додека САД се подготвуваат за одбележување на дваесеттата годишнина од нападите врз Светскиот трговски центар и Пентагон, а Бајден треба да присуствува на одбележувањето во Њујорк.

На почетокот на август семејствата на жртвите, преживеаните и припадниците на спасувачките екипи објавија писмо во кое кажаа дека претседателот на САД нема да биде добредојден на комеморацијата „ако не го исполни ветувањето“.

Во писмото бараат објавување на сите документи кои, сметаат потписниците, ја откриваат вмешаноста на Саудиска Арабија во нападите.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе