Бајден: Нападот врз една членка на НАТО е напад врз сите

Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Брисел рече дека колективната одбрана на НАТО, принципот дека нападот врз една членка се смета за напад врз сите, е света обврска.

Фото: ЕПА

Неговиот претходник Доналд Трамп избегна да потврди дека САД го поддржуваат членот 5 од Северноатлантскиот договор, кој ја дефинира колективната одбрана на НАТО.

„Членот 5 е света обврска. Сакам цела Европа да знае дека Соединетите Држави се тука“, рече Бајден при пристигнувањето на самитот на Алијансата.

„Постојано ги потсетувам Американците дека НАТО се мобилизираше кога Америка беше нападната на нејзино тло за прв пат од почетокот на Втората светска војна. Сојузниците го почитуваа членот 5“, додаде Бајден, осврнувајќи се на солидарноста на сојузниците по терористичките напади на 11 септември 2001 година.

Тој ги повика членките заедно да се соочат со новите предизвици што ги поставуваат Русија и Кина.

„Во последните две години сè повеќе расте свеста дека имаме нови предизвици. Ја имаме Русија која не се однесува како што се надевавме. А тука е и Кина.“

Во завршната декларација што ќе ја усвојат денес, лидерите на НАТО за прв пат ќе ја именуваат Кина како „системски предизвик“.

„Јавно изнесените амбиции и наметливото однесување на Кина претставуваат системски предизвици за меѓународниот поредок заснован на правила и во области релевантни за безбедноста на сојузниците“, се вели во нацрт-документот.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе