Бајден на своето прво службено патување вети дека ќе ја забрза вакцинацијата

Американскиот претседател Џо Бајден во директен пренос од градското собрание на Милвоки во вторникот вети дека ќе ги забрза вакцинациите против ковид-19 во САД и предложи меѓу првите да се вакцинираат наставниците со што ќе се отворат повеќе училишта.

EPA-EFE/SHAWN THEW

На своето прво службено патување откако дојде на власт во јануари, Бајден отпатува за Висконсин, една од клучните држави што му помогна да го победи Доналд Трамп.

Таму, тој директно се обиде да одговори на загриженоста на Американците околу пандемијата на коронавирусот и околу кризата што ја предизвика и да добие поддршка од јавноста за својот пакет помош за жителите во вредност од 1,9 трилиони долари.

„Мислам дека треба да ги вакцинираме наставниците - да ги истуркаме во хиерархијата“, рече Бајден за време на преносот во живо на Си-ен-ен во Милвоки, на прашањето од еден родител и наставник кога училиштата ќе можат да продолжат да работат.

Претседателот на САД истакна дека останува на сојузните држави, а не на федералната влада, да одлучува за приоритетните групи за вакцинација.

Бајден рече дека очекува секој што сака да се вакцинира да може да го стори тоа до јули, до кога владата ќе обезбеди доволно вакцини за сите Американци.

Откако во саботата Сенатот го ослободи Трамп од обвинението во вториот процес на отповикување на поранешниот претседател, Белата куќа сака да се фокусира на планот на Бајден за економијата и борбата против коронавирусот, климатските промени и расната нееднаквост.

Бајден сака Конгресот да го одобри неговиот пакет помош во следните недели за секој Американец да добие 1.4 илјади долари и да се зголемат надоместоците за невработените.

Патувањето во вторникот, како и посетата на Мичиген во четвртокот, каде што ќе ги обиколи производствените капацитети на вакцината, му дава на Бајден можност да ја нагласи важноста на пакетот, на што републиканците се спротивставуваат заради високата цена.

Демократите во Конгресот велат дека „големите“ средства ќе помогнат во зајакнувањето на економијата и завршувањето на пандемијата која во САД однесе повеќе од 485.000 животи.

Бројот на смртни случаи, новозаразени и хоспитализирани во изминатите неколку недели опаѓа ширум државата, а вакцинацијата полека се забрзува. Но, илјадници Американци сè уште умираат секој ден од ковид-19, а економијата останува кревка.

Бајден откако ја презеде власта отпатува во својата држава Делавер и во претседателската резиденција во Камп Дејвид, но патувањето во Милвоки, најголемиот град во Висконсин, е негово прво официјално патување како претседател.

Бајден, исто така, во вторникот за прв пат користеше и поголема верзија на претседателскиот авион „Ер форс уан“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/SHAWN THEW

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе