Бајден му порача на Трамп дека нема да успее да го уништи (ВИДЕО)

Неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп го опиша поранешниот потпретседател на САД Џозеф Бајден како „ладнокрвен и нечесен“, фаворитот за демократски претседателски кандидат за изборите во 2020 му порача на претседателот дека „нема да успее да го уништи“.

„Сакам да му разјаснам на Трамп, на неговите луѓе во сенка и сите кои имаат посебни интереси во финансирањето на нападите врз мене. Не одам никаде. Нема да успеете да ме уништите и нема да го уништите моето семејство“, кажа Бајден во Рино во Невада.

„Не ме загрижува колку пари ќе потрошите или колку валкани ќе станат нападите“, порача Бајден, кој води во анкетите меѓу 19 демократи кои се натпреваруваат за партиската номинација за да му се спротивстават на Трамп на претседателските избори.

Одговорот следи откако Трамп во низа твитови, а подоцна и на конференција за медиумите, ја осуди истрагата за отповикување која се води против него поради телефонскиот разговор со украинскиот претседател во јули кога побарал од него да ги истражи Бајден и неговиот син Хантер кој бил член на одборот на украинска енергетска компанија додека Бајден беше потпретседател.

Демократите го обвинија Трамп за вршење притисок врз Украина, ранливиот американски сојузник, за сопствена политичка корист.

Вчера Трамп изјави дека дејствувал во согласност со законите и Бајден и неговиот син ги опиша како „ладнокрвни и нечесни“. Американскиот претседател повторно ги обвини за кршење на законите, но не даде докази.

Бајден го обвини Трамп во соопштение кое го испрати до медиумите за злоупотреба на моќта.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе