Бајден: Косово треба да биде независно, а не дел од Србија

Кандидатот за претседател на претстојните избори во САД, Џо Бајден, призна дека не е запознаен со елементите на договорот меѓу Србија и Косово, кој беше потпишан во Белата куќа, но подвлече дека тој договор би морал да ја потврди независноста на Косово.

Фото: ЕПА

„Не знам што има во договорот. Она што секогаш го тврдев во врска со Србија и Косово е дека Косово треба да биде независна држава, а не дел од Србија. Јас поминав многу време таму. Претпоставувам дека тоа (договорот) ќе ја зајакне таа независност. Но не знам за што станува збор“, изјави Бајден одговарајќи на новинарски прашања во врска со постигнатиот договор меѓу Србија и Косово за нормализирање на економските односи, пренесува Радио Слободна Европа (РСЕ).

На церемонијата на потпишување присуствуваше и американскиот претседател Доналд Трамп.

Кандидатот за претседател Џо Бајден на прес-конференцијата го спомена и фактот дека неговиот син служел на Косово во рамките на американските трупи на НАТО.

Инаку, Бајден како сенатор беше активен на Западен Балкан и во повеќе наврати го посети регионот.

Последен пат, како потпретседател на Соединетите Држави, Бајден ги посети Косово и Србија во август 2016 година.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе