САД се приближуваат до мрачна пресвртница од половина милион смртни случаи од почетокот на пандемијата на коронавирусот.
Според податоците на универзитетот Џонс Хопкинс, до неделата вечер во САД, повеќе од 498.000 луѓе починале од ковид-19, а со него се инфицирани повеќе од 28 милиони луѓе.
Ниту една друга држава во светот не забележала повеќе смртни случаи и зарази
Бајден и Харис, придружувани од своите брачни партнери, ќе одржат свеченост на палење свеќи на зајдисонце, објави Белата куќа.
Бајден ќе одржи говор пред самата церемонија.