Вашингтон

Бајден: Навредите на Ким ги носам како орден на честа

Поранешниот американски потпретседател Џо Бајден го нарече лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун „диктатор убиец".

Бајден рече дека навредата „автократ“ ја носи како „орден на честа“.

На овој начин, Бајден реагираше на тоа што Северна Кореја го нарече „бесно куче“ кое треба да биде „претепано до смрт со стап“.

„Ми се чини дека не му се допаѓам на убиецот диктатор Ким Џонг Ун. Додајте го на списокот автократи, кои не сакаат да бидам претседател - веднаш до Владимир Путин. Ги носам нивните навреди како орден на честа“, рече Бајден, пренесе Јонхап.

Во неодамнешниот коментар на државната агенција КЦНА се наведува дека Бајден, кој учествува во трката за кандидат на демократите за претседателските избори во САД, „искористил низа ѓубре против достоинството на врховното раководство на Северна Кореја“, чин за кој се вели дека заслужува „безмилосна казна“.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе